САД: Лани во престрелки загинаа над 47.000 луѓе

Бројот на смртни случаи од огнено оружје во САД минатата година беше рекордно висок во изминатите речиси три децении.

Федералните центри за контрола и превенција на болести објавија дека во 2021 година во САД има повеќе од 47.000 смртни случаи од огнено оружје, што е најмногу во изминатите 40 години, пренесуваат медиуми.

Има исклучително зголемување на бројот на жени жртви – од 2010 година, бројот на убиени афроамериканки или оние кои извршиле самоубиство со огнено оружје е тројно зголемен, соопшти Дејвид Хеменвеј.

Истражувачите изброиле повеќе од 1,1 милион смртни случаи од огнено оружје во текот на последните три децении – приближно исто колку и бројот на смртни случаи во САД припишани на КОВИД-19 во последните три години.