Извозот на нафта од САД во 2022 година се зголеми за 22% до рекордни 3,6 милиони барели дневно, покажуваат податоците на Управата за енергетски информации (EIA) на Министерството за енергетика.
Зголемувањето на понудата се должи на зголеменото производство, користењето на стратешките резерви (SPR) и зголемената глобална побарувачка за алтернативна руска нафта, потсетува АП.
Најголем увозник на американска сурова нафта за прв пат беше Јужна Кореја, Холандија Канада…
Во 2022 година, извозот на нафта од САД во Европа се зголеми за 41% до 1,51 милиони барели дневно.
Наспроти ова, извозот во Индија и Кина, кои беа најголеми увозници во 2021 и 2020 година, забележа најголем пад минатата година. Заедно, овие две земји го намалија купувањето за 19% (за 125.000 барели дневно) поради свртувањето кон поевтина нафта од Русија.
Поради забраната за офшор испораки на руска нафта, високата побарувачка од Европската унија ќе продолжи и во 2023 година, предвидува EIA.