САД станаа најголем извозник на нафта во Ервопската унија, заменувајќи ја Русија, објави Евростат.
Според податоците на статистичката агенција на ЕУ, руските испораки во регионот се намалија од 31 процент во јануари 2022 година на само 4 отсто во декември, а американскиот извоз во истиот период скокна од 13 на 18 отсто.
Земјите на ЕУ го намалија увозот на руска сурова нафта по започнувањето на воената операција на Москва во Украина, предизвикувајќи пресврт во снабдувањето со енергија на Унијата и на глобалниот пазар.
Во декември Брисел воведе ембарго на руската сурова нафта преку море, заедно со ограничување на цената од 60 долари за извозот на нафта, како дел од шестиот пакет санкции поврзани со Украина, наметнати на Москва. Следеше забрана за увоз на нафтени деривати од Русија од ЕУ, која стапи на сила во февруари.
Во меѓувреме, Русија вели дека целосно го пренасочила целиот свој извоз на нафта од „непријателските држави“ на нови пазари, со залихи сега наменети за Азија, Африка, Латинска Америка и Блискиот Исток.