САД: Индија да не го зголемува увозот на руска нафта!

Купувањето повеќе нафта од Русија не е во интерес на Индија и може да го попречи американскиот одговор на војната во Украина.

Ова му го соопшти претседателот Џо Бајден на индискиот премиер Нарендра Моди, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, цитирана од Ројтерс.

Американскиот претседател предупреди дека позицијата на Моди и Индија во светот нема да се подобри со потпирање на руските енергетски извори, изјавија американските власти.

„Претседателот многу јасно стави до знаење дека не е во нивен интерес“, рече Псаки.

Моди рекол дека во неодамнешните разговори со Русија предложил претседателот Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски да имаат директни разговори.

Јужноазиската држава се обиде да ги балансира своите врски со Русија и Западот, но за разлика од другите членки на Квартетот – САД, Јапонија и Австралија – не воведоа санкции кон Русија.

Псаки не откри дали Индија има преземено некакви обврски за увоз на енергија, но рече дека Вашингтон е подготвен да и помогне на земјата да ги диверзифицира своите извори на енергија.

Американски официјален претставник додаде дека „не сме побарале од Индија да направи ништо конкретно“. Официјалниот претставник рече дека „Индија ќе донесе сопствена проценка“ по „многу искрен разговор“.

Бајден му рекол на Моди дека со нетрпение очекува да го види во Јапонија на состанок на Квартетот „околу 24 мај“,.

Неколку дена претходно, главниот економски советник на претседателот Џо Бајден рече дека Соединетите Држави ја предупредиле Индија да не биде премногу близок партнер со Русија по инвазијата на Украина.