„Навистина не би сакал нашите подморници да испловат на брегот на Америка “, изјави Јуриј Швиткин претседател на Комитетот за одбрана на Државната Дума на Русија по информациите на некои западни медиуми дека САД ќе испратат бродови во Црното Море.

„Без разлика од каде доаѓа агресијата или провокативна акција, од Украина или од Америка, тоа не ни е важно. За нас, државната граница е недопирлива. Ние ќе одговориме на соодветен начин“ изјавил Швиткин..

Претходно, Си-ен-ен, објави дека САД почнале подготвки за испраќање воени бродови во Црното Море по инцидентот во теснецот Керч, кога Русија заплени 3 украински бродови поради повреда на руската поморска граница.