Новата амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, е збунета од изборот на новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Изборот на Ислам Абази и корупција и реакциите што не запираат, се тема на вечерашното издание на „360 степени“.

На прашања од „360 степени“ амбасадорката Агелар остро го критикува целиот процес кој, според Агелер, е збунувачки, особено што Амбасадата платила милионски суми за обуки на обвинители и судии и на други во правосудниот систем.

Од холандската амбасада, пак, текот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ го доведоа во директна врска со работата на ова обвинителство и како тоа ќе се справува со случаите на корупција и организиран криминал на високо ниво.

Во слична насока е и реакцијата на Делегацијата на ЕУ.