САД повикуваат на намалување на тензиите меѓу Бугарија и Република Македонија.

Ги повикуваме Бугарија и Македонија да ја ублажат реториката и брзо да ги решат билатерални спорови, изјави портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка.

Неговите зборови се однесуваа на одлуката на бугарските власти да го повлечат својот амбасадор од Скопје.

„Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата, се вели во изјавата од Стејт департментот.

Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот по нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети” во Охрид.

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков тогаш најави дека нивниот амбасадор ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во Маке донија.

Од македонското МНР, пак, синоќа потврдија дека бугарскиот амбасадор, се враќа на своите дипломатски должности во Скопје во полн капацитет.