Соединетите Држави бараат појаснување од Полска, откако официјални лица од таа земја објавија дека воената помош за Украина може да биде суспендирана.
Ова го објави Блумберг, повикувајќи се на американски функционер кој сакаше да остане анонимен.
Неименуваниот извор рече дека Полска останува посветена на поддршката на Украина, но рече дека прецизниот став на земјата е нејасен.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки претходно оваа недела изјави дека Варшава ‘e ја прекинe испораката на оружје за Киев.
Моравјецки, деновиве најави дека неговата земја повеќе нема да испраќа оружје во Украина.
Моравјецки го изјави тоа во моментот кога односите со Украина се затегнати поради ембаргото од Варшава на увозот на значително количество украинско жито.
Полскиот премиер синоќа му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не ги навредува Полјаците.
Зеленски ја налути соседната земја кога на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк рече дека Киев работи на зачувување на копнените патишта за извоз на жито, но дека политичкиот театар околу извозот на производот само ѝ помага на Москва.
„ Сакам да му порачам на претседателот Зеленски никогаш повеќе да не ги навредува Полјаците како што тоа го направи неодамна за време на неговиот говор во ОН“, рече Моравјецки на вчерашниот митинг на неговата партија.