САД бараат алтернативен гас доколку Русија ја нападне Украина!?

Американската влада разговараla со неколку меѓународни енергетски компании околу можноста да достават гас на Европа, доколку Русија го прекине снабдувањето со природен гас поради конфликтот Русија-Украина го наруши снабдувањето со Русија, изјавија за Ројтерс двајца американски претставници и два извори од индустријата.

САД се загрижени дека Русија се подготвува за можен нов воен напад врз Украина, како што тоа го направи во 2014 година, ако Москва негира такво нешто.

Европската унија зависи од Русија која испораува една третина од потребите на ЕУ, а американските санкции во случај на иден конфликт може да го нарушат тоа снабдување.

Претставници на Стејт департментот контактирале со компании за да прашаат од каде би можеле да дојдат дополнителни залихи доколку е потребно, дознава Ројтерс.

Одговор бил дека глобалните испораки на гас се ограничени и дека има малку достапен гас за да замени големи количини на Русија.

Обвинувањата дека Русија подготвува некаков изговор за инвазија на Украина, од страна на САД, се неосновани, тие се потврда за континуираниот информативен притисок врз Москва. Ова се наведува во соопштението на руската амбасада во Вашингтон.