Сабриу: „Олигарсите на ДУИ и СДСМ преку поскапувањата печалат милиони евра врз грбот на народот“


„Колку побргу ќе замине оваа Влада, толку побргу ќе биде за граѓаните, на кои им остана малку надеж. Во спротивно, ќе потонеме во сиромаштија, од која нема да можеме да излеземе ниту во идните 20 години. Милионерите се создаваат во време на криза, во време кога народот не знае кај да оди, што да прави.“ – вели Фатмир Сабриу во својата колумна со наслов „Популистичката пропаганда на ДУИ, за да осиромашат Албанците“, која ја објавии нформативната агенција на албански јазик ИНА.

Сабриу пишува: „Владата на с.Македонија продолжува да ја втурнува земјата во длабока економска криза, доведувајќи го така населението во целосна сиромаштија, додека од друга страна таа Влада ги збогатува олигарсите. Во оваа мала земја, во која пазарот е многу ограничен, секоја година имаме десеттици милионери. Но, кој ги создава тие милионери? Кој ги поддржува? Државата молчи, но цените не молчат, а сиромаштијата тропа на вратата.“

„Сево ова се случува како последица на неспособноста на Демократската унија за интеграција, која раководи со важните економски министерства, поради немањето вистинска развојна стратегија, но и поради високиот степен на криминалот и корупцијата.
Иронијата е уште поголема, бидејќи министерот за финансии Фатмир Бесими продолжува да се подбива со граѓаните на денот кога започна расправата за ревизијата на буџетот.“

„Тој вели дека ‘ревизијата на буџетот има за цел поддршка на економијата и на граѓаните, но едновремено и за зачувување на макроекономската стабилност’. Со ова тој не ја поддржува, туку ја уништува економијата. Со објавените мерки Бесими не ги поддржува граѓаните, туку ја поддржува групата на олигарси, кои раководат со компаниите, што забележале профити од милиони евра во минатата година.“

„Економските мерки во с.Македонија секогаш во времето на криза имале за цел збогатување на една мала олигархо-политичка група и на бизнисите, кои ги контролираат луѓе блиски до власта. Јавно го прашуваме министерот Фатмир Бесими од ДУИ: дали ќе ја зачувате економската стабилност во оваа земја, во која нема економија, или ќе продолжите да ги зголемувате цените на основните прехранбени производи и на нафтените деривати?“.

„Само неколку минути по почнувањето на расправата за ревизија на буџетот цените на нафтените деривати забележаа највисок пораст и сево ова за да профитира државата од акцизите на горивата, а од друга страна за да осиромашат граѓаните, кои веќе не знаат од која страна да се чуваат, не знаат што да прават.“

„Во истиот ден уследува друга мерка во моменти кога цената на млекото бележи рекордна сума од 83 денари, додека друг министер вели дка треба да пријавите поскапувања. Се поставува прашање: кој ја контролира продажбата на млекото? Кој го контролира пазарот и кој стои зад овие цени, бидејќи државата не презема мерки?“

„Едно нешто е сигурно: дека зад сево ова стојат олигарсите на ДУИ и СДСМ, кои првично ги зголемија цените за 70 отсто, а потоа ги намалија само за 5 отсто и така тие собираат милиони евра врз грбот на граѓаните. Економските политики на оваа Влада продолжуваат да удираат врз работникот.“

„Во ревизијата на буџетот не се предвидува пораст на платите за вработените во администрацијата, иако тоа беше првично ветено. Нема пари за сериозни албански проекти, туку само за клиентелистичките авантури. Капиталните инвестиции,. споменати од министерот Бесими, се само една веќе позната реклама на оваа гарнитура. Оправдувањето со кризата во Уклраина воопшто нема врска со состојбата во земјата, бидејќи на светските берзи цените на нафтата и на пченицата воопшто не се придвижиле и ова може многу добро да се види.“