Густи облаци од чад се креваат денеска во подножјето на планината Стогово откако ноќеска во овој регион беше забележан силен шумски пожар.
Пожарот тлее во шумскиот појас меѓу селата Горно Мелничани од левата страна и селото Могорче од другата страна на планината.
Во текот на ноќта интервенирала локалната единица за цивилна заштита во Дебар но се работи за тешко достапен терен.
Локацијата на пожарот кој што беше активен од вчера околу 18 часот сега е под густ чад а локалните мештани стравуваат дека ако нема интервенција на хеликоптери пожарот може да се запали повторно.
Во текот на ноќта пожарот кој беше засилуван од силен ветар се гледаше од пет километри далечина.