Синот на поранешниот дипломат и актуелен професор Нано Ружин, Александар Ружин кој беше еден од надворешните советници на премиерот Зоран Заев а денеска доби досега малку позната награда за мир, своевремено се заканувал дека ќе ја убие неговата екс девојка, хрватската пејачка Антонија Пола.

Ружин на времето ѝ бил дечко на хрватската пејачка која за хрватските медиуми изјави дека Александар Ружин сакал да ја убие, објави пред три години репортер.мк.

Ружин тогаш раскажувал дека откако се скарале со Шола затоа што таа го изневерувала, возел цел ден до Загреб и кога стигнал таа не сакала да се појави да разговараат. По овие негови изјави, Шола за хрваткиот магазин „Стори“ раскажала:

“Некој да ви каже најмалку дваесет пати дека ќе ве убие доколку го оставите и дека ќе направи најголема драма на Балканот убивајќи ме мене па себе, нормално дека нема да продолжите со него“.

Порталот Фокус денеска објави дека
Александар Ружин бил прогласен за Амбасадор на мирот од малку позната албанска организција.

Ружин за Фокус тврди дека семејните вредности и кариерата му биле секогаш во прв план, без да ги спомене заканите за убиство на Шола.

Александар Ружин (39), бизнисмен и своевремено советник на поранешниот премиер Зоран Заев, е прогласен за Амбасадор на мирот, пишува Фокус кој наградата за Ружин ја нарекува ,,значајна титула” која ја добил од страна на Универзалната Федерација за мир, која според Фокус има сопствени претставништва речиси низ цел свет, а чија основна цел е надминување на конфликтите, соработка и мир меѓу сите народи.

Фокус не објавува кои се причините што Ружин добил награда за мир ниту потсетува на заканите за убиство кон хрватската пејачка.

Ружин е горд што бил претставник на Северна Македонија во организацијата.

,,Со оглед дека во Балканската Федерација за мир членувам веќе седум години, ми претставуваше голема чест и задоволство како претставник на Република Северна Македонија да бидам прогласен за Амбасадор на мирот, во седиштето на балканската федерација во Тирана. Воедно, денес беше одржана конференција под раководство на поранешниот претседател на Албанија, Алфред Мојсију, на тема Мир и Безбедност на Западен Балкан во пресрет на интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската Унија”, појаснил Ружин за ,,Фокус”.

Целата информација на Фокус

https://fokus.mk/aleksandar-ruzhin-proglasen-za-ambasador-na-mirot-semejnite-vrednosti-i-karierata-mi-se-sekogash-vo-prv-plan/