Ружин јуниор и брат Љубе во трка за најомилен советник на Заев (АНКЕТА)

Назначувањето на бизнисменот со гуми и бандажи Александар Ружин за советник на премиерот за Франција и Бенелукс испровоцира реакции и “мајтапење” на социјалните мрежи на тема “премиерски советници”.

Во една таква пародија анкета која нема научна важност најомилен советник на Заев според Твитерџиите засега е Ружин кој за малку е подобропласиран од Љубе Бошковски, инаку советник за странски инвестиции.

Следуваат Мирослав Грчев и Цветанка Ласкова.