Рутинска победа на македонските фудбалери во Гибралтар

Не блескаше, но фудбалската репрезентација на Македонија ја прокнижи планираната победа над аутсајдерот Гибралтар во Лигата на нациите, славејќи со 2:0 над 203. од 211 селекции на листата на ФИФА.

Првиот триумф во своето трето учество на „црвено-жолтите“ во ова натпреварување го најави капитенот Енис Барди со слаломот во противничката одбрана крунисан со неговиот десетти гол за националниот тим во 21. минута.


Точка на неизвесноста околу конечниот резултат стави Бобан Николов во 84. минута, кога ја искористи катастрофалната грешка во одбраната на Гибралтарците.

Во другиот дуел од второто коло во четвртата група од дивизијата Ц Бугарија, со која избраниците на селекторот Благоја Милевски ремизираа 1:1 во Разград пред три дена, ќе ја пречека Грузија, следниот ривал на Македонија в четврток од 20:45 часот на арената „Тоше Проески“ во Скопје.