Русковска во стилот на Јанева околу својата професионална судбина

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска не се плаши дека ќе биде сменета.

“Според новиот закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност“, порача Рускоска во интервју за „Призма“.

Пред нецели две години слична изјава даде поранешната шефица на сега затвореното Специјално обвинителство, Катица Јанева.

Јанева по избивањето на аферата Рекет поради која е осудена на 8 години затвор тврдеше дека не може да биде сменета.