Во синоќешното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Вилма Русковска, рече дека Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција ќе ги отфрли пријавите поднесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во кои тој тврдеше дека има докази за вмешаност на премиерот Зоран Заев во аферата „Рекет“.
Русковска рече дека материјалите доставени од Милошоски биле предмет на вештачење, но притоа биле утврдени извесни недоследности.
„Сѐ беше дадено на вештачење, диктафон и телефон…беше дадено во компјутерска форензика, во рамки на МВР. Тоа е екстрахирање на податоци, на кратко го викаме – вештачење, се работи за екстрахирање на податоци и потоа се анализираа тие екстрахирани податоци, при што, немаме сѐ уште официјална одлука и таа ќе биде објавена.
Од она што успеав да го прочитам е дека се работи за повеќе разговори кои се…, на пример прекинат, па потоа друг разговор е продолжението…така што ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави“, вели Русковска.