Најмалку една моќна амбасада од западна членка на ЕУ и НАТО побарала и добила информации од Вилма Русковска за нејзината суспензија од местото шефица на обвинителството за организиран криминал.
Информациите од најмалку една западна амбасада се побарани откако Русковска без никаква правна основа беше тргната од позицијата која и даваше можност да гони високи владини функционери за корупција и криминал.
,,Егзекуцијата” на Русковска преку суспензија ја изврши државниот обвинител Љубомир Јовески а со неа од реален прогон и истраги привремено се спасуваат најмалку 4 лица од власта на СДСМ и ДУИ од кои еден е брат на екс премиер.
Во разговорите со претставници на најмалку една западна амбасада Русковска според сознаијата на expres.mk од дипломатски кругови не открила детали од (пред)истрагите во случаи во кои се инволвирани или се истражуваат и Оливер Спасовски, Беким Максути, Арафат Муареми и Вице Заев.
Сепак начинот на нејзината егзекуција а особено двојните стандарди на државниот обвинител Љубомир Јовески кој освен Русковска не суспендира други обвинители кои реално го кршеле законот или прекршиле процедури, отвара дилема дали Русковска е суспендирана за да се спречи борбата против корупцијата во највисоките кругови на власта на СДСМ и ДУИ.
Странските претставници кои контактирале со Русковска нема да се мешаат директно во начинот на кој власта се пресметува со Русковска со цел да прекине или ублажи прогон на криминал од страна на владини функционери или луѓе блиски на владеачките елити.
Сепак анализата според која Русковска е жртва на политичка пресметка со цел да се спасат политички фигури и луѓе блиски на партите на власта е веќе испратена во главни градови на важни ЕУ членки.
Од таму сознанијата за чистката на Русковска ќе бидат доставени до институциите на ЕУ кои ја анализираат работата на правосудството и внатрешните работи на земјите кандидати.
Поглавјата 23 и 24 од преговорите со ЕУ, каде се содржани овие теми, кои Македонија се уште не ги почнала поради блокадата од Франција (2019) а потоа и Бугарија се клучни за Македонија.
Тие први се отвараат а последни треба да се зарворат.
Случајот Русковска директно може да влијае на овие две поглавја за Македонија кога еден ден тие ќе бидат започнати.
За странците кои од прва рака ги добиле деталите од прогонот на Русковска нема дилема дека се работи за политичко – обвинителска пресметка која допрва ќе се расчистува затоа што нивната проценка е дека обвинителката е суспендирана со цел заштита на криминалот.
Без разлика дали Русковска ќе биде трајно ,,елиминирана” од својата позиција ЕУ и нејзините членки и институции нема да дозволат спас на било кој функционер инволвиран во корупција и криминал затоа што унијата нема ниту интерес ниту право да отвара преговори и да преговара со земја која преку политички чистки во правосудството се обидува да скрие криминал во својата влада или партии на власт, вели добро упатен извор запознат со разговорите меѓу Русковска и претставници на најмалку една моќна западна амбасада од една од водечките членки на ЕУ и НАТО.
Пред речиси еден месец Русковска во драматично писмо до амбасадите на ЕУ и НАТО алармираше за обидот да биде тргната со цел спас на корумпирани политичари но тогаш не доби директна поддршка.
Корупцијата и нејзината елиминација е главната тема за сите најважни членки на ЕУ и НАТО во пресрет почетокот на преговорите со Македонија ако тие воопшто почнат еден ден откако Бугарија ќе го тргне ветото.