Русковска му даде одврзани раце на Чулев да гони сомнителни од аудио „бомбите“ (ВИДЕО)

Соочена со низа директни и индиректни докази и индиции обвинителката Вилма Рускоска денеска практично му даде одврзани раце на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев да истражува и да повикува во МВР лица за кои има индиции дека биле дел од криминал во случаите објавени во таканаречените „бомби“ односно илегално снимени аудио снимки кои излегуваат во јавност.

Коментирајќи ја аудио снимката со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака кој призна дека дал 300 илјади евра а Заев призна дека се среќавал со него Русковска рече дека полицијата треба да одлучи дали и како ќе постапува по снимките.

Полицијата треба собере докази и да процени дали има елементи за сторени кривични дела. Ако им треба била било каква асистенција или наредба им стоиме на располагање, изјави Рускоска на прашање на порталот „Република“.

Видеото со целата изјава на Русковска е на порталот Досие.мк