Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска денеска во изјава за медиумите откри дека била суспендирана една недела пред да почне распит на сведоци за случајот Станица за технички преглед на Беса транс во кој како шеф на МВР е инволвиран министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Процесните дејствија во истрагата за предметот поврзан со Спасовски кои требало да продолжат идната недела а кои може да доведат до кривична пријава за најмоќниот човек во владата и во СДСМ дава нова перспектива за суспензијата на Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) долго време испитува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија.

По трагедијата во која живи изгореа 44 луѓе Обвинителството со кое раководи Вилма Русковска отворило предмет во кој истражители од Обвинителството го посетиле Министерството за внатрешни работи и од два сектора ја подигнале документацијата поврзана со случајот.

Со откритието дека Русковска е суспендирана пред да ги процесира индициите за криминал во случајот Беса транс во кој е инволвиран и Спасовски случајот на суспензија на шефицата за организиран криминал добива уште една, најмалку четврта причина или личен интерес на моќни политички фигури.

Покрај шефот на Финансиската полицијата Арафат Муареми од СДСМ и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути од ДУИ против кои Русковска води истражни дејствија се чини дека личен интерес за суспензија има и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Надвор од политичките фактори интерес од суспензијата на Русковска има и Вице Заев кој е дел од истрагата за рекетот во РЕК Битола и кој е наведен во кривична пријава за криминал и уцени вредни 250 илјади евра.

Во видеото на инфомакс.мк Русковска за истрагата која може да го гони Оливер Спасовски зборува околу 7 минути и 30 секунди.

Видеото на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=782048913237199&id=298619206927603

Најчитана вест

Најголемите македонски умови до најплатените македонски членови на комисија

Стотина врвни македонски научници до комисијата за историја: Препораките ви се ништовни, го прекршивте принципот на научност и етичност