На денешната прес-конференцијаОбвинителката за гонење на организиран криминал и криминал, Вилма Русковска, откри детали за вчерашната акција „Планина“ при која биле приведени 22 лица.

Русковска смета дека акцијата со име „Планина“ била пробиена“ бидејќи наркобосовите, според неа од Грчец, успеале да избегаат а по нив се трага.

„Пред една година со двајца обвинители и со тимот истражители кои се дел од ЈО се обидовме да собереме доволно докази со кои ќе се онеовозможат за понатамошно делување две криминали групи – рече Русковска.

Според неа во оваа акција таргет била една група е од село Грчец, а додека другата е од Гази баба. Тие биле следени со помош на ПИ-мерки со цел да се добијат докази за конечно нивно апсење.

„Во село Грчец се извршени претреси на 26 локации, уапсени се 13 лица, од кои за 9 лица има определено притвор, за 3 куќен притвор и за едно лице мерки на претпазливост. Пет лица ни се недостапни – рече Русковска, која додеаде дека во групата член било и едно малолетно лице, на кое ќе му се суди посебно.

За криминалната група во Гази Баба извршени се претреси на девет места, при што 8 лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага.

„Во претресите одземени се над 80.000 евра, 300.000 денари и 500 франци, а за пронајдената дрога се уште не се готови вештачењата, но најдена се околу 5 килограми марихуана и 600-700 грама хероин. Најголем дел од парите се пронајдени при претресите во Гази Баба, а многу малку во село Грчец. Според посебните истражни мерки кои денеска завршуваат за лицата по кои се трага, акцијата во село Грчец е пробиена. Беше се исчистено и не се пронајде поголема количина. На три локација се најдени околу 100 грама кокаин“, истакна Русковска.

„Од стартот знаевме дека нема да најдеме голема количина, и затоа за секого посебно цела година прибиравме докази. Одземени се 3 возила, а луксузните возила на водачите беа сокриени и некаде пронајдени се само клучеви“, истакна Русковска.

Таа појасни дека за сега нема информации за тоа кои се доушниците, бидејќи петмината главни нарко босови се во бегство.