Руското МНР најави контрамерки по протерувањето дипломат од Скопје

„На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Северна Македонија. Властите во земјата еден од дипломатите го прогласија за „персона нон грата“.

Остро ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат, а да не се одразат на руско-македонските односи. Ќе следат реципрочни мерки“, се наведува во реакцијата на руското Министерство за надворешни работи, пренесува РСЕ.

  • Реакцијата доаѓа откако Македонија протера руски дипломат по членот 9 од Виенската конвенција.
  • Ова е втор случај откако поради солидаризирање со Велика Британија околу труењето во случајот „Скрипал“ , исто така беше протеран дипломат од амбасадата во Скопје.
  • Дипломатот е протеран бидејќи постапувал несоодветно со дипломатскиот статус, а постапките се документирани, истражени и потврдени од страна на Министерството за надворешни работи, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, а ркот за негово напуштање на земјата е утре.
  • Од Руската амбасада во Македонија се воздржаа од одговор, какви би биле тиецмерки, но истакнаа дека тоа нема да се одрази на пратката од 200.000 руски вакцини за Македонија.