Русите досега имале вкупно до 200.000 жртви во војната во Украина а една од причините за толкавите загуби е – пијанството на војниците.

Британците велат дека Русите имаат големи проблеми со моралот на своите војници, па затоа имаат се повеќе проблеми со работи кои не се директно поврзани со војната.

На 27 март 2023 година, на руски Телеграм беше објавено дека имало „исклучително висок“ број на инциденти, злосторства и смртни случаи поврзани со алкохолот меѓу распоредените руски сили“, пишуваат Британците.

„Другите водечки причини за неборбени жртви веројатно вклучуваат слаба обука за оружје, сообраќајни несреќи и климатски повреди како што е хипотермијата.
„Руските команданти веројатно идентификуваат широко распространета злоупотреба на алкохол како особено штетна за борбената ефикасност“, пишуваат Британците.

„Сепак, алкохол консумира голем дел од руското општество, а пиењето долго време се сметао за премолчено прифатен дел од воениот живот дури и за време на борбени операции“, пишуваат Британците.Индекс.хр