Рускиот воен брод „Москва“ сепак потонал

Рускиот воен брод Москва, кој беше оштетен од експлозија во средата, потона, соопшти руското Министерство за одбрана.

Водечкиот брод на руската Црноморска флота, Москва, беше одвлечен до пристаниште, но бура предизвика да потоне, се вели во соопштението на Министерството.

Ракетниот крстосувач со 510 луѓе беше симбол на воената моќ на Русија и нејзиниот поморски напад врз Украина.

Киев тврди дека неговите ракети „Нептун“ го погодиле воениот брод.

Кремљ негира каков било напад. Русија тврди дека бродот потонал по пожар.

Крстосувачот заплови за прв пат на 27 јули 1979 година, како дел од тогашната морнарица на СССР под името „Слава“.