Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во обраќање до нацијата утрово објави бројки за загинати руски и украински војници во конфликтот што трае 7 месеци.
Според Шојгу Русија има речиси десет пати помалку загинати од Украина во војната што предизвика светска криза.
,,Нашите загуби се 5937 мртви.
Украина загуби 61.207 мртви и 49.368 ранети”, објави Сергеј Шојгу во изјава која не е потврдена од други релевантни извори.