Руски спас за македонскиот текстил!

 Амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин денеска во Штип со градоначалникот, Сашко Николов, разговарале и за економска соработка.

Амбасадорот Баздникин истакна дека и покрај ограничувањата од пандемијата, сепак руско-македонската соработка продолжува да се развива. Трговската размена во 2020 година, додаде тој, е зголемена.

„Според руската статистика македонскиот извоз за Русија е пораснат за 18 отсто, додека увозот забележа раст од 22 отсто“, соопшти амбасадорот.

Тој посочи дека висококвалитетните македонски производи, како што е текстилот и обувките, се од голем интерес за руската страна.

„Знаеме дека здравствената криза направи една катастрофална економска криза, која на колена ја турна целата економија. Штип мора да бара начин каде да ги пласира и да најде шанса за нашите сопственици да обезбедат плата и да дадат на нашите сограѓани, за да може општината да функционира на уште подбро ниво“, рече Сашко Николов.