Русија јавно ни заби нож во грб со документарниот филм „Една вера, еден јазик“. Тврди дека Македонија е родното место на словенската азбука. Премиерата е во Скопје, во организација на Руската амбасада во Македонија. Браќата Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија која во тоа време не се јавувала како литературен и православен центар на Балканот.
Ова го објавуваат дел од бугарските медиуми револтирани од тоа што во филмот Бугарија е целосно исклучена од научните словенски лингвистички процеси поврзани со големите Кирил и Методиј.
,,Со големорускиот шовинизам во филмот се наведува дека најважниот дел од мисијата на Кирил и Методиј е нивната посета на Херсон, Крим. Таму браќата стапнаа на земјата на идната Русија, а најважна за светот е христијанизацијата што ја изврши принцот Владимир. Таму ја создале азбуката, користејќи некој древен руски јазик …
Светите браќа, според неверојатни шпекулации, ги поставиле темелите на Третиот Рим – Москва!”, пишуваат револтираните бугарски новинари од рускиот филм.
Според филмот која ја искажува официјалната руска научна мисла Черноризец Храбар е словенски просветител кој нема никаква врска со Бугарија. Словенското писмо почнува од Охрид.
,,Сајтот „Плоштад Славејков“ пишува за огромната измама со бугарската историја и воопшто историја. Ниту МНР, ниту Министерството за култура, ниту која било друга бугарска институција не реагираше на ужасната руска провокација и обидот на Москва да ја преработи историјата по сопствена проценка, претставувајќи се како модерна Византиска империја која ќе го стави словенизмот под своја закрила. Дури и советското раководство под Сталин не дозволи таква дрскост …
И ако обидот за искривување на фактите и научните докази е нешто што пропагандата на Путин се обидува долго време, молкот во Софија е неразбирлив и болен.
Премиерата на филмот во Скопје на Бадник. Пораките од Москва и Скопје се јасни и брутални.
Во Бугарија медиумите и институциите молчат. Дали се занемени, депресивни или не е важно што Русија ни заби нож во грб?
На крајот да споменеме дека на картата на која е обележан патот на светите браќа Кирил и Методиј, Бугарија воопшто не фигурира. Ја нема. Не постои. И во создавањето на кирилицата не постои. Пуф – заминавме.
Пријателот Путин ни прати предбожиќна честитка!”, пишуваат бугарските медиуми.