Руски дезертер е подготвен да сведочи за извршени воените злосторства во Украина.

Тој е обвинет за воени злосторства во Буча и вели дека е спремен да сведочи пред меѓународен суд додека бара азил во Шпанија.

Никита Чибрин (27) рекол дека пред да ја напушти својата единица во јуни, слушал „широко распространети гласини“ за руски војници што вршат сексуално насилство и убиваат цивили. Раскажал дека неговите соборци краделе машини за перење, електроника и други апарати од украинските домови. За себе вели дека не пукнал „ниеднаш“ додека бил во Украина.

Чибрин рекол дека влегол во Украина преку белоруската граница со својата единица. Тоа се случило на првиот ден од инвазијата, на 24 февруари.Тој е роден во градот Јакутск во источен Сибир и ѝ се придружил на руската армија во летото лани поради финансиски тешкотии. Тој е втор член на 64-та бригада што јавно обелодени случаи на наводни воени злосторства на периферијата на украинската престолнина Киев.