Руската „Луна 25“ се урна на Месечината

Леталото, кое требаше да открие дали Месечината може да поддржува постојана база за луѓето, се урна откако се вртеше во „непредвидлива орбита“, соопшти руската вселенска корпорација.

Русија официјално објави дека нејзиното вселенско летало Луна-25 паднало на Месечината, јавува Скај њуз.

Беспилотниот робот лендер, кој беше лансиран претходно овој месец, се урна откако руската вселенска корпорација Роскосмос објави „ненормална ситуација“ што нејзините специјалисти ја анализираа во саботата.

Мисијата беше прва руска мисија кон Месечината по речиси 50 години.

Русија се надеваше дека роботот ќе помине една година собирајќи примероци од карпи и прашина по слетувањето на јужниот пол на Месечината, што требаше да се случи во понеделник.

Роботот – со големина на мал автомобил – be[e лансираn од ракетата Сојуз и влезе во орбитата на Месечината во средата.

Оттогаш испрати фотографии од третиот најдлабок кратер на јужната хемисфера на Месечината, кратерот Земан.

Месечевиот јужен пол е од особен интерес за научниците, кои веруваат дека трајно засенчените кратери содржат вода.