На воздушна одбрана на руската флота во Црното Море ѝ било издадено предупредување за напад, напиша денеска шведскиот политичар Карл Билд, на својот профил на Твитер.
Ваква вест пренесуваат и други медиуми според кои руското Министерство за одбрана издало наредба да се подигне борбената готовност на руската Црноморска флота на највисоко ниво и дека е издадено предупредување за можен напад откако беше забележано дека воените бродови на коалициските сили предводена од САД, Велика Британија и Франција , се упатиле кон Сирија.
Според некои информации, нападот може да се случи во следните 24 часа.
Испраќањето воени бродовие одговор на наводниот напад со хемиско оружје на сириските сили против бунтовниците во сирискиот град Дума, каде што загинале најмалку 70 луѓе.
За овој напад Запад го обвини сирискиот режим претседател Башар ал-Асад, кој во сириската војна имаше поддршка од Русија.
На итен состанок на Советот за безбедност во ОН беше побарана независна истрага за случајот во Сирија, но расправата премина во вербален конфликт меѓу амбасадорите на САД и на Русија во ОН.