На руската програма Русија 1, водителката на емисијата 60 минути Олга Скабеева и Алексеј Журавлев, претставник на Думата, зборуваа за тоа колку секунди ѝ се потребни на интерконтиненталната балистичка ракета сармат да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земји кои испорачуваат оружје на Украина, објави Индекс.хр.

„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија секоја да ја опреми со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно тестираше ракета која во круговите на НАТО го носи озлогласениот прекар сатана 2 или сатански син.

„Еден сармат и толку – Британските острови постоеја, Британските острови повеќе не постојат. Сериозен сум“, рекол Журавлев, пренесува порталот Украинска правда.

Russian TV keeps threatening nuclear strikes against Western nations, desperately trying to deter them from continuing to help Ukraine. On a side note, this is the first state TV host who doesn’t seem to be eager to die for the Motherland, arguing with a trigger-happy lawmaker. pic.twitter.com/PBvBP5V1lk— Julia Davis (@JuliaDavisNews) April 28, 2022

Пратеникот од Думата, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата сармат, „никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата“.

„Никогаш не кажувај никогаш“, одговори Журавлев.