Британското Министерство за надворешни работи ја обвини Русија дека користи „фабрика за тролови“ за ширење дезинформации за војната во Украина.
Спроведена е посебна истрага, иако резултатите не се објавени, пишува Ројтерс.
Откриени се и посебни кампањи на социјалните мрежи против политичари од различни земји. Според Министерството за надворешни работи, „фабриката за тролови“ користела Telegram, Twitter, Facebook и TikTok за објавување масовно проруски коментари на сметките на политичарите.
„Дејли мејл“ наведува дека цел биле британскиот премиер Борис Џонсон, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот за надворешна политика на Европската унија Џозеф Борел.
Фабриката за тролови, која некои публикации ја нарекуваат Cyber Front Z, ја користи платформата „Телеграм“ за да регрутира и координира нови поддржувачи.
Телеграм има повеќе од 94.000 претплатници и објавува пропагандни пораки за поддршка на руската инвазија.
