Писателот и режисер Александар Русјаков очекува Собранието да постапи според резултатите од неуспешниот референдум, како што налагаат Уставот и законот со кој е уреден највисокиот облик на непосредна демократија.
„Чекаме Собранието да се фати за работа, закон треба да донесе“, напиша Русјаков на својот профил на „Фејсбук“, приложувајќи го како поткрепа член 30, став 2, во кој се вели: „Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето, односно законот по кој се одлучувало на референдумот, во согласност со резултатите од референдумот“.