Бројот на загинатите во рускиот ракетен напад на катна зграда во Дњепар се искачи на 20 лица, меѓу кои и едно дете, јави Би-Би-Си.

Уште 38 лица се извлечени од урнатините. Операцијата за потрага по луѓе под урнатините продолжува, напиша гувернерот на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко, наведувајќи дека 37 лица се водат како исчезнати.

Државната служба за итни случаи извести дека бројот на повредени се искачи на 73, од кои 14 се деца.

Руските власти не ја коментираат ситуацијата, а медиуми не известуваат за ракетата што погоди висока зграда во градот Дњепар.

Украинската војска соопшти дека ракетата Х-22 дизајнирана да уништува носачи на авиони на море погоди висока зграда во Дњепар. Според нивното соопштение, украинската противвоздушна одбрана не може да собори таков проектил.