Русите напаѓаат – груба шега на водител на германска ТВ

„Заедно со европските и германските сојузници, американската армија моментално се пробива преку копнените, воздушните и морски патишта до Естонија за да ги истера руските сили кои што извршија инвазија на таа земја, исто како што тоа го направија и на Крим“.

Ваква вест за наводна руска инвазија на Естонија прочита водителот Клаус Клебер на угледна германска телевизија.

„Не се грижете, ова не е вистина“, изговори веднаш потоа Клебер, кој сакал да демонстрира колку опасноста од војна била реална.