Руските сили бомбардираа џамија во јужниот украински град Мариупол, каде што се засолниле повеќе од 80 возрасни и деца, меѓу кои и турски државјани, соопшти украинското Министерство за Надворешни Работи, објави Ал Џезира
Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер напиша дека џамијата на султанот Сулејман Величествениот во Мариупол била „гранатирана од руски окупатори“.
„Џамијата на султанот Сулејман Величествениот и неговата сопруга Хурем Султан (од украионско потекло) во Мариупол беше гранатирана од руските напаѓачи“, соопшти Министерството за надворешни работи. „Повеќе од 80 возрасни и деца се кријат таму од гранатирањето, вклучително и државјани на Турција“. Не е наведено дали има загинати или ранети луѓе.
Украина ја обвини Русија дека одбива да им дозволи на луѓето да излезат од опколениот Мариупол, а ова одбивање остави илјадници луѓе заробени. Русија ја обвинува Украина за неуспехот на евакуацијата.
