Неколку лица се уапсени во обид за „терористички напад“ врз гасоводот „Турски тек“ на руска територија. Ова го соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од „Ројтерс“.

Вучиќ стравува од диверзија на Турски тек


Фатени се саботери, неколку лица се приведени, изјави тој за новинарите.

Претходно оваа недела, рускиот претседател Владимир Путин го предупрерди за таква м ожност неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Русија објави дека ја засилува безбедноста на гасоводот Турски тек, кој носи руско сино гориво во Турција, по „необјаснетите несреќи“ на гасоводите Северен тек во Балтичкото море.

Испораките на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море, беа прекинати минатиот месец, како што рече Москва, акт на „меѓународен тероризам“.

Рускиот претседател Владимир Путин веќе ги обвини Соединетите Држави и нивните сојузници за предизвикување на експлозиите што ги оштетија гасоводите, обвинувања кои Вашингтон ги негираше.