Американскиот претседател Џо Бајден вчера го осуди повлекувањето на Русија од „договорот за жито“ како „скандалозен потег“ во изјава и предупреди дека одлуката на Русија ќе го зголеми гладот.

„Нема причина за тоа што го прават. Обединетите нации преговараа за овој договор и тоа е крајно“, им рече Бајден на новинарите во неговата родна држава Делавер, цитиран од Ројтерс.

Русија се повлече од клучниот договор за жито постигнат со посредство на Обединетите нации, предизвикувајќи меѓународен гнев и нанесувајќи им удар на обидите да се олесни глобалната криза со храна предизвикана од инвазијата на Москва на Украина.

Во саботата Москва соопшти дека го суспендира учеството во договорот на Црното Море како одговор на, како што го нарече, големиот украински напад со беспилотни летала врз нејзината флота во близина на Севастопол, за кои ги обвини Украина и Велика Британија, пренбесе Ројтерс.

Русија почна намерно да ја влошува кризата со храна уште во септември, кога го блокираше движењето на бродови со украинска храна, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање.