Русија протера 14 бугарски дипломати

Амбасадорот на Бугарија во Москва Атанас Крустин бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде му беше врачена нота со која 14 вработени во дипломатските мисии на Бугарија се прогласуваат за персона нон грата.

„Оваа мерка е одговор на целосно неоправданата одлука на бугарската страна да прогласи за непожелни 70 вработени во нашите институции во странство и да воведе квоти за дипломатски, административен и технички персонал на Русија во Бугарија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

На 28 јуни, Софија протера 70 руски дипломати, кои според тогашниот премиер во оставка Кирил Петков, биле именувани од бугарските специјални служби како луѓе кои биле поврзани со руското разузнавање и работеле против интересите на Бугарија.