Министерството за одбрана на Русија издаде соопштение во кое негираше вмешаност во експлозијата во Полска.

Русија соопшти дека вчера извршила голем напад врз воени цели и енергетска инфраструктура во Украина.
„Нападите ги постигнаа своите цели – се вели во соопштението.
Високопрецизни удари беа извршени само на украинска територија и не поблиску од 35 километри од украинско-полската граница.
Наводите за падот на руски ракети врз полско село се намерна провокација за ескалација на ситуацијата.
Фотографиите од остатоците пронајдени во Полска се идентификувани како елементи на украинскиот С-300.

Руските тврдења не се независно проверени.