Индиското купување руска нафта достигна историски максимум од 1,64 милиони барели дневно во март, објави „Блумберг“, повикувајќи се на „Вортекса“, која го следи транспортот на енергенси.
Извозот на руска сурова нафта во Индија малку ги надмина 1,62 милиони барели дневно забележани во февруари и ја прави земјата водечки снабдувач на нафта во Индија шести месец во низа.
Податоците исто така покажаа дека индискиот увоз на руска нафта во март забележа значителен раст на годишно ниво. Во март 2022 година јужноазиската земја купи само 68.600 барели дневно, околу 24 пати помалку од истиот месец оваа година.
Уделот на Русија во индискиот увоз на нафта достигна 34 проценти во март, двојно повеќе од традиционалниот водечки снабдувач Ирак, кој испорачувал 821.952 барели дневно, што го прави трет најголем снабдувач на Индија по Саудиска Арабија, која извезувала 986.288 барели дневно во земјата.
Обединетите Арапски Емирати ги престигнаа САД и станаа четврти по големина „извор“ на нафта во Индија, со извоз на 313.002 барели дневно во март. САД испорачаа 136.464 барели дневно минатиот месец, што е значително помалку од 248.430 барели дневно во февруари.
Индија е трет по големина потрошувач на нафта во светот, кој почна да го зголемува купувањето руска нафта понудена со попуст откако западните држави ги одбегнаа директните испораки како одговор на воената операција на Москва во Украина.