Рускиот министер за финансии Антон Силуанов не ја исклучи можноста Русија да го ограничи производството на нафта и нема да испорачува нафта по цени поставени од Запад.

На почетокот на декември земјите од Г-7 договорија плафон за цената на руската нафта од 50 долари за барел.

Нема да испорачуваме нафта според договори кои ќе ги специфицираат ценовните ограничувања што ги нудат западните земји. Тоа не доаѓа предвид. Претседателот на Руската Федерација зборуваше за тоа дека Русија ќе испорачува нафта по договори кои нема да имаат плафон за цена, објасни Силуанов.

Според него, можеби ќе треба некаде да се ограничи производството.
Нашите компании, нашите нафтени компании, ги пренасочуваат своите линии за снабдување од запад кон исток, кон југ, кон други земји. Бараме нови потрошувачи на нафта, а бидејќи побарувачката за нафта, според прогнозите на агенциите, ќе расте, ваквата состојба во голема мера ќе зависи од динамиката на светската економија, додаде тој.

Ќе бараме други пазари, друга логистика…, додаде рускиот министер за финансии.