Русија нема да продава нафта по цена од „само“ 60 долари за барел

Руската федерација нема да извезува нафта што подлежи на ценовната граница наметната од Запад, дури и ако тоа значи намалување на производството, изјави Александар Новак, рускиот вицепремиер задолжен за енергетика.

„Работиме на механизми за забрана на употребата на инструментот за ограничување на цените, без оглед на нивото на кое е поставено, бидејќи таквото мешање може дополнително да го дестабилизира пазарот“, рече Новак.

Русија нема да работи под ограничување на цените, дури и ако Москва мора да го намали производството, нагласи тој.

Ограничувањето на цената од 60 долари за барел, идеја на Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта, истовремено спречувајќи го скокот на глобалните цени на нафтата по ембаргото на од ЕУЈ кое стапува во сила денеска.