Русија најави дека ќе достави материјали до СБ на ОН за да се спроведе истрага за воените биолошки активности во Украина, соопшти постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
Според него, Москва повикала да се разговара за американските биолаборатории во Украина!?
Веќе имаме акумулирано значително количество материјал што директно укажува на прекршување од страна на Соединетите држави на Конвенцијата за забрана на биолошко и токсично оружје (CSTO), нагласи тој, додавајќи дека нивното собирање и анализа продолжува.
„Со оглед на тоа што САД одбиваат да се вклучат во каква било конструктивна дискусија на оваа тема, планираме да ги искористиме механизмите предвидени во членовите 5 и 6 од BTWC (тие предвидуваат можност за презентирање докази до Советот за безбедност на ОН за да започне истрага)“, истакна Небезња.
Се надеваме дека тоа ќе овозможи траен прекин на воените биолошки активности кои го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност, а сторителите ќе одговараат, нагласи Небезња.
