Русија: Киев изврши терористички напад врз Москва

Руското Министерство за одбрана тврди дека Киев стои зад „терористичкиот напад“ со беспилотни летала врз руската престолнина.

Министерството соопшти дека во нападот учествувале осум беспилотни летала и дека сите биле уништени со противвоздушни ракети.

Руски медиуми јавуваат за барем 4 пати повеќе беспилотни летала.

Тие исто така рекоа дека неколку дронови паднале врз згради, предизвикувајќи „мали штети“.

Градоначалникот на Москва тврди дека две лица побарале лекарска помош по нападот. Рускиот истражен комитет соопшти дека го истражува нападот со дрон.

„Утринава режимот на Киев изврши терористички напад со беспилотни летала врз објекти во Москва. Во нападот учествуваа осум беспилотни летала. Погодени се сите непријателски беспилотни летала“, соопшти Министерството.