Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги пофали САД за нивниот одговор на вчерашното паѓање проектил во Полска.
Говорејќи на дневната прес-конференција, Песков ги обвини Полска и „цела редица други земји“ дека реагираат „хистерично“ на инцидентот, без никакви докази обвинувајќи ја Русија дека е одговорна за него.
Спротивно на тоа, Песков го пофали одговорот на САД на инцидентот, откако претседателот Џо Бајден рече дека е „неверојатно“ проектилот да е руски.
„Вреди да се забележи воздржаната и многу попрофесионална реакција на американската страна и американскиот претседател“, рече Песков, пренесе Би-би-си.
Руското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека нејзините понови бомбардирања во Украина биле вршени само врз цели во земјата и биле на најмалку 35 километри од полската граница.
Портпаролот Игор Конашенков додаде дека „падот на наводните „руски ракети“ во полското село Пшевдово „се намерна провокација со цел да се ескалира ситуацијата“.