Со 93 гласа „за“, 24 против и 58 воздржани, Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Кина, втората постојана членка на Советот за безбедност, гласаше против.

Меѓу воздржаните, најистакнати беа Индија, Бразил, Саудиска Арабија и Јужна Африка.

Амбасадорката на САД Линда Томас-Гринфилд во понеделникот повика Русија да биде протерана , нарекувајќи го нејзиното учество „фарса“, по снимките и фотографиите од град во близина на Киев. Украина и САД ја обвинија Русија за масакр, што Москва силно го отфрла.

„Ние веруваме дека припадниците на руските сили извршиле воени злосторства во Украина и веруваме дека Русија треба да сноси одговорност“, изјави Томас Гринфилд.

Преходно Москва повика на итна седница на Советот за безбедност за истрага на наводните злосторства, но Велика Британија, која во моментов претседава, го отфрли барањето на Русија.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба го поздрави денешното гласање.