Москва е заинтересирана во тргувањето со Анкара да се користи руската рубља и турската лира, наместо американскиот долар.

„Прашањето за користење на националните валути во билатералните трговски односи е тема која руската страна ја поставува веќе подолго време и постојано на различни нивоа, вклучително и на највисоко ниво“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е она за што се залагаме во нашите билатерални трговски и економски односи, и она што постојано се споменува во билатералните руско-турски разговори“, додаде тој.

Лирата падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, поради зголемениот притисок од новите американски санкции. Вашингтон почна да применува економски притисок врз Анкара по затворањето на американскиот пастор Ендру Брунсон во Турција.

Брунсон е обвинет за помагање на неуспешниот воен удар во 2016 година и се соочува со 35 години затвор.

САД, исто така, воведоа нови санкции против Русија минатата недела поради труењето на двојниот агент Сергеј Скрипал. Вашингтон одби да даде доказ за поддршка на наводите за одговорноста на Москва за инцидентот.

Руската рубља падна на најниско ниво од 2016 година во однос на доларот по таа вест.

Песков вели дека моменталнатѕа економска ситуација во Турција нема да се одрази на заедничките проекти на двете земји.