Руското министерство за надворешни работи преку амбасадата во Скопје им се закани на македонските власти за протерување на еден руски дипломат од Македонија.
“Министерство за надворешни работи на Русија: На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Македонија. Властите прогласија еден дипломат за „персона нон грата“
Остро ги осудуваме вакви немотивирани активности, кои не можат да не се одразат на руско-македонските односи
Ќе следат реципрочни мерки”, пишува во дипломатската закана на официјална Москва.
Предходно македонските власти објавија дека протеруваат еден руски дипломат но јавноста се уште нема детали зошто е тој протеран.
МНР на 🇷🇺: На 14 мај беше преземен непријателски чин против 🇷🇺дипломатска мисија во 🇲🇰. Властите прогласија еден дипломат за „персона нон грата“
Остро ги осудуваме вакви немотивирани активности, кои не можат да не се одразат на руско-македонските односи
Ќе следат реципрочни мерки— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 20, 2021