Русија доброволно ќе го намали извозот на нафта на светските пазари за 300.000 барели дневно до септември.
Ова денеска го изјави вицепремиерот на Русија Александар Новак.
Како што рече Новак, одлуката е донесена во обид да се „балансира пазарот“.
Тој претходно откри дека Русија ќе го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно во август, со планови за намалување на производството за 2,1 милиони тони во третиот квартал од 2023 година.
Претходно, саудиските државни медиуми соопштија дека Ријад ќе се придржува до доброволно намалување на производството на сурова нафта од 1 милион барели дневно за следниот месец.
По веста, цената на нафтата порасна поради неизвесноста во понудата>
Намалувањата на производството функционираа, при што цените на нафтата се искачија за околу 12% во изминатиот месец до околу 83 долари за барел.
Но, сегашните цени на нафтата може да бидат премногу ниски за Саудиска Арабија, бидејќи ѝ треба цена на сурова нафта од 100 долари за барел за да ги балансира своите резерви.
