Среде војна со Украина и санкции поради тоа, Русија годинава ќе оствари економски раст од 0,3 проценти, поголем од европската „локомотива“ Германија, чиј бруто домашен производ ќе биде поголем за 0,1 отсто, а Велика Британија ќе забележи пад од 0,6 отсто, прогнозира Меѓународниот монетарне фонд!

Незначително подобро од нив, но далеку полошо од лани, ќе поминат другите големи европски економии, како Италија со 0,6 проценти (2022 година ја заврши со БДП од 3,9 отсто), Франција со 0,7 проценти (лани 2,6 отсто), Шпанија со 1,1 проценти (лани 5,2 отсто) итн.

Економијата на САД годинава ќе порасне за 1,4 проценти, во споредба со 2 отсто минатата, а на Канада 1,5 проценти, споредено со 2,5 отсто лани.

БДП на Кина се предвидува во 2023 година да порасне за 5,2 проценти, за разлика од 3 отсто во 2022 година, а на Индија 6,1 отсто, што е помалку од 6,8 отсто лани.

Во 2024 година, пак, ММФ на Русија ѝ предвидува раст од 2,1 проценти, поголем од Франција (1,6 отсто), од Канада (1,5 отсто), од Германија (1,4 отсто), од САД (1 отсто), од Италија и Велика Вританија (по 0,9 отсто) итн.